Топки

Зелените топки се стандардизирани одстрана на ИТФ и се со послаб притисок и сеоколу 25% поспори од нормалните тениски топки.

Терен

Нормален тениски терен.Висина на тениската мрежа: 91,4 cm.

Рекет

Се игра со рекети со должина 63-68 cm. Изборот нарекетот зависи од големината и возраста на детето инеговата сила.Возраст на децата кои може да се вклучат во оваа програма: со полни 8 години и 9, 10 и 11 години.

Момчиња и девојчиња играат...

Одвоено.

Систем на игра...

Елиминации и разигрување пралиникот можете да го опревземете тука.

Како се составуваат жрепките?

На турнирите ќе има 8 носители кои ќе се определат, за првиот турнир согласно резултатите од претходната натпреварувачка година, а за нареднте  турнири 8 те најдобри резултати од претходниот турнир.

Како се игра меч на главен турнир?

Натпреварите од главниот турнир се играат: 

- до  ¼ финале два добиени кратки сета со одлучувачки меч  тие-бреак до 7 поени
- ½ финале и финале два добиени кратки сета.

Како се игра меч на утешен турнир?

Натпреварите од утешниот турнир се играат во еден добиен краток сет, освен финалниот кој се игра во два добиени кратки сета со одлучувачки меч  тие-бреак до 7 поени

Како се сервира?

Како во вистински меч.

Како се менува сервисот?

Како во вистински меч.

Кој е судија на терен и кој ги брои поените?

Секој е судија на својот дел од теренот и сам ги брои поените.

Кој може да учествува на овој турнир?

Право на учество имаат деца, членови на МТФ, со полни 8 години и кои во тековната година полнат 9,10 и 11 години; Секој учесник на турнирот регулира котизација за учество на турнирот.