Топки

Портокаловите топки се стандардизирани одстрана на ИТФ и се со 50% послаб притисокод нормалните топки, што ги прави поспори.

Терен

Портокаловите терени се со димензии:18 m (должина) x помеѓу 6,5-8,23m (ширина). Висина на тениската од 82цм до 91,4 цм

Рекет

Се игра со рекети со должина 58-63 cm. Изборот нарекетот зависи од големината и возраста на детето инеговата сила.Возраст на децата кои може да се вклучат во оваа програма: 7, 8 и 9 години.

Момчиња и девојчиња играат...

Одвоено.

Систем на игра...

Игра во групи;”Златна група” - елиминации.

Како се составуваат групите?

Со ждрепка согласно добиени номинации од тениските клубови

Како се игра меч во група?

Продолжен тај-брејк до освоени 10 поени, со разлика од 2 поени.

Како се игра меч во елиминации?

Краток сет до 4, на 4:4, на 4:4 се игра тај-брејк до 7,се до финале, а финале два добиени кратки сета до 4, наместо трет сет се игра решавачки меч тај-брејк до 7 поени.

Како се сервира?

Два правилни сервиси. Кога се игра во група, сервисот мора да се сервира ДИЈАГОНАЛНО, при што за правилен сервис ќе се смета кога сервираната топка ќе падне во сервис полето на противникот со димензии 6,40м на 4,12 м.

Како се менува сервисот?

 За натпреварите во група на два поена, се сервира наизменично на едната страна, па на другата, а во елиминации стандарден сервис.

Кој е судија на терен и кој ги брои поените?

Секој е судија на својот дел од теренот и сам ги брои поените.

Кој може да учествува на овој турнир?

Право на учество имаат деца, членови на МТФ,кои во тековната година полнат 7, 8 и 9 и 10 години; Секој учесник на турнирот регулиракотизација за учество на турнирот.