Топки

Црвените топки се стандардизирани одстрана на ИТФ и се со 75% послаб притисокод нормалните тениски топки, што ги прави поспори.

Терен

Црвените терени се со димензии: 11 m(должина) x 5-6 m (ширина). Висинана тениската мрежа: 0,80 cm.

Рекет

Се игра со рекети со должина 41-58 cm . Изборот нарекетот зависи од големината и возраста на детето инеговата сила.Возраст на децата кои може да се вклучат во оваа програма: 5, 6, 7 и 8 години.

Момчиња и девојчиња играат...

Заедно

Систем на игра...

Игра во групи.

Како се составуваат групите?

По возраст и тениско ниво.

Како се игра меч во група?

12 поена, може резултатот да е и 6:6.

Како се игра меч во елиминации?

Не се игра елиминационен меч.

Како се сервира?

Прв сервис правилен.Втор со рака со симулација на сервис движење.

Како се менува сервисот?

На два поена.

Кој е судија на терен и кој ги брои поените?

Секој е судија на својот дел од теренот и сам ги брои поените.

Кој може да учествува на овој турнир?

Право на учество имаат деца, членови на МТФ,кои во тековната година полнат 5, 6, 7 и 8 години;Секој учесник на турнирот регулира котизација за учество на турнирот.