|
|
|
|
|
|
|
1. Моето дете има 4 години дали може да се вклучи во програмата за детски тенис?
Во програмата за детски тенис се вклучуваат деца со возраст од 4 до 10 години. Вашето дете може да се вклучи во програмата за детски тенис, но тоа треба да го направите многу претпазливо, со оглед на тоа дега се наоѓа на долната возрасна граница. Ве советуваме тоа да го направите во еден од клубовите во кои се реализира програма за детски тенис, без нагласено форсирање, без потенцирање на ставот “ ти сега тренираш тенис, мораш да бидеш внимателен, мораш да слушаш, мораш да бидеш активен на часот…”. Овозможете му на Вашето дете да ја почувствува убавина на тениската игра, да се дружи со останатите деца во групата и да го почувствува предизвикот на спортската победа. Доколку стартувате, обидете се да присаството на часови биде континуирано и редовно. |
2. Каков рекет да купиме?
Околу изборот на оптимален рекет обавезно посоветувајте се со тренерот кој работи со вашето дете или со некој од тренерите во клубот кои се вклучени во програмата за детски тенис. Индустријата за тениска опрема во голема мера го следи модерниот пристап кон тениската игра, а тоа е: терен по мерка, рекет по мерка и топчиња по мерка. Оптимални рекети од повеќе познати тениски брендови може да се најдат и во нашите продавници и тоа по многу поволна цена. |
3. Дали на моето дете му треба рекет од самиот почеток на тренирање?
Сите клубови во Македонија кои сериозно ја работат програмата за детски тенис, сакајќи да го олеснат на секаков начин стартот на тениските тренинзи имаат и одреден број на почетни рекети кои се користат за време на часовите. Децата може слободно да ги користат рекетите за време на тренинзите. Има клубови кои ги ставаат своите рекети на располагање на децата и по организираните тренинзи. Меѓутоа, кога тогаш детето посакува да има сопствен рекет. Со оглед на тоа дека цената на детските рекети е во ранг на цена на една детска играчка , сигурни сме дека ќе најдете повод и причина да на своето дете му купите личен рекет. |
4. Дали се доволно два часа неделно тренинг?
Досегашното наше искуство кажува дека два часа организиран тренинг се доволни во периодот на детски тенис. Она што би ве посоветувале да го направите е да се обидете да избраниот тениски клуб биде редовно место на ваше семејно другарување, низ неорганизирано играње тенис. Под неорганизирано играње тенис подразбираме време поминато во тениски клуб кое ќе биде поврзано со игра, забава и другарување. Дел од времето би било поминато покрај тенискиот ѕид, дел од времето би било поминато на тениски терен во спаринг со вас како родител или во игра со некое од другарчињата кои се стекнати на тениските часови. |
5. Дали е потребен индивидуален час?
Индивидуалните часови служат за одработување на одредени детали од тениската техника и игра на кои е потребно да се посвети повеќе време и потребни се поголем број на одиграни топки. Тоа се детали кои реално неможат да се одработат на групни часови. Индивидуалните часови за поголем број на деца во помала возраст знаат да бидат бесконечно долги, монотони дури и досадни. Затоа препорачуваме да тренинзите за мали деца се организираат во група. Доколку одлучите да сепак организирате индивидуален час за своето дете внимавајте да времетраењето на договорениот термин биде пократко од стандардниот час, со цел остварување на зацртаната цел. |
6. Дали тренерите со кои работат нашите деца се едуцирани?
Македонската тениска федерација е активен член на ИТФ и ТЕ и како таква ги следи сите светски трендови во правец и на едукација на тренерите. Во соработка со овие две институции тренерскиот комитет при МТФ има направено систем на едукација во кој се вклучени најголем број на активни тренери од Македонија. Покрај редовната едукација, тренерите редовно следат и семинари во организација на МТФ, МОК и други спортски институции. |
7. Моето дете почна да игра тенис пред неколку месеци, дали може да учествува на турнирите за детски тенис?
Црвените и портокалови турнир се со едукативно – натпреварувачки карактер и играњето се организира во групи соодветни на тениското ниво на учесниците. Идејата е да секое дете биде во можност да настапи на овие турнири, да ја почувствува возбудата на тениската игра, неоптеретено од постигнатиот резултат. Овие турнири имаат и посебен начин на броење на поените, што ги учи децата дека до победа во еден тениски меч може да се стигне само ако се освојат доволен број на тениски поени.Исто така присаството на овие турнири им помага на децата да на едноставен начин ја осознаат тениската турнирска околина , што им овозможува да во иднина кога ќе наидат “ вистинските турнири ” да на турнирскиот тениски терен се чувствуваат како на “свој терен”. |
|
|
|
|
|