март 2012 | ЦРВЕН И ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС, ТК АС ПЛУС-Скопје, 07.04.-08.04.2012
Драги пријатели, Македонската Тениска Федерација, Ве поканува да учествувате на Турнирот од проектот ДЕТСКИ ТЕНИС, во конкуренција на момчиња и девојчиња ЦРВЕН И ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС, на терените наТениски клуб АС ПЛУС-Скопје, во периодот 07.04.-08.04.2012 година
Ќе ни биде особено драго ако и вашите членови земат учество на овој Регионален турнир од проектот ДЕТСКИ ТЕНИС.
Официјалните пропозиции од турнирот можете да ги симнете тука. |
март 2012 | Комплетните резултати од третиот зелен турнир |
март 2012 | Детски турнир- Битола Почитувани, Ве известуваме дека во приодот од 24-25,03,2012 година на терените на Т.К. БИТОЛА- Битола, ќе се одржи турнирот во детски тенис за дечиња од 5 до 10 годишна возраст. Ќе се игра црвен турнир и портокалов турнир во конкуренција на момчиња и девојчиња. Официјалните прпозиции од турнирот можете да ги симнете тука. |
март 2012 | Слободан Бачварски-Боби во посета на Bromley Tennis Centre 
Во период од 25 Февруари до 3 Март 2012 година тренерот Слободан Бачварски-Боби го посети ”Bromley Tennis Centre” кој се наоѓа во областа Кент во близина на Лондон (Велика Британија). Областа Кент е седиште на најголемиот број на клубови чии приоритетни активности се насочени кон деца/играчи на возраст од 3-11 години. Целта на престојот беше да се посети еден ваков еминентен клуб и види принципот на тренирање и организирање на севкупна активност со деца на возраст од 3-11 години, секако потоа позитивните искуства да се имплементираат во нашите тениски клубови. Слободан Бачварски- Боби, беше вклучен и активно во реализирање на нивните редовни активности со тренерите од ”Bromley Tennis Centre”, а за време на престојот успеа да го посети и “Park Langley Tennis Club” кој во моментот има најподготвени играчи кои се натпреваруваат на портокалово и зелено ниво во систем за натпревари на Велика Британија.

Особено треба да се истакне несебичното давање информации на главниот менаџер на ”Bromley Tennis Centre” - Sandy Procter со чија помош се реализира оваа посета. Во најскоро време, Слободан ќе одржи неколку часовна практична и теоретска презентација на теми кои беа презентирани во Лондон. Информација каде да ги набавите материјалите можете да добиете во МТФ.
Тренерски комитет
|
март 2012 | Промена на Календар МТФ
Почитувани,
Ве известуваме дека регионалниот турнир во детски тенис кој требаше да се одржи во периодот од 10-11,03,2012 година во Битола се поместува и ке се одржи во периодот од 24-25,03,2012 година.
Воедно турнирот кој е предвиден за нареден викенд Зимското Отворено Првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 10 години, ке се одржи на терените на Тениски клуб Југ-Скопје. Зимскиот дел од Календарот можете да го симнете тука. |
| |
март 2012 | Листа на пријавени детски турнир-Скопски регион |
март 2012 | Зимско Отворено Првенство на Македонија до 10 години, ТК ЈУГ-Скопје, 17-19,03,2012 Почитувани, Ве известуваме дека во периодот од 17-19,03,2012 година ќе се одржи Зимско Отворено Првенство на Македонија до 10 години, на терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје. Пропозициите за претстојниот турнир можете да ги симнете тука. |
|