октомври 2011
Пласман на зелените турнири девојчиња во 2011

АС АС АС МТП ЈУГ АС ЈУГ
ИМЕ ПРЕЗИМЕ клуб дата раѓање ЗОПМ ОПМ ОПМ ОПМ ОПМ ДПМ ОПМ
Дарија КРЖОВСКА МТП 18,04,2001 2 место 1 место 1 место 1 место
Јана ОГЊАНОВСКА Југ 18,04,2002 1/2 финале 2 место 2 место 2 место 1/2 финале 1/2 финале
Даниела КОЛЕВА Акватен 18,03,2001 1/2 финале 1/2 финале 1 место 1 место 1/2 финале
Елена ЈАНКУЛОВСКА Славија 05,01,2001 1 место 2 место 1место
Теодора ПОПОВИЌ АТК 23,07,2001 1/2 финале 2 место 1/2 финале 2 место
Ана РИСТОВСКА Југ 06,08,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/2 финале 1/4 финале 1/2 финале
Калина ЧАПОВА Југ 02,06,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/2 финале 1/4 финале 1/4 финале 1/4 финале
Ива ПЕТРОВА АТК 25,01,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/2 финале 1/4 финале 1/4 финале 1/4 финале
Ема КОСТАДИНОВСКА Славија 16,03,2002 1/2 финале 1/2 финале 1/4 финале
Миа СПАСОВСКА Југ 15,09,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/4 финале
Џевахира ПЕПИЌ Југ 12,09,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/4 финале
Мина ДАСКАЛОВИЌ Југ 11,06,2002 1/4 финале 1/4 финале 1/4 финале
Анѓела СТАНОЕВСКА АТК 06,02,2001 1/4 финале
Јелена ЖИВКОВИЌ Славија 01,04,2001 1/4 финале
Тамара ИЛИЈЕВА Југ 01,06,2002 1/4 финале
Демјана КРЖОВСКА Југ 1/4 финале
октомври 2009
Зелени турнири
Во 2009 се организирани 10 турнири за момчиња и девојчиња до 10 години. Препораките ИТФ насочуваат да овие турнири се играат со зелени топки стандардизирани од страна на ИТФ. МТФ ги имплементира препораките на ИТФ постепено следејќи го пуслот на сите оние кои се вклучени во овој домен од тениската игра. За таа цел оваа година сеуште овие турнири се играа со нормални жолти тениски топки. Можеме да забележиме дека иако бројот на учесници не е оној кој го посакуваме и очекуваме, сепак годинава на нашите национални турнири до 10 години гледавме добар тенис. Годинашнава тениска приказна ја дополнуваме со фотографии направени на терените каде годинава се играше тенис до 10 години
октомври 2009
Европска конференција во Ротердам
9 и 10 октомври 2009 во Ротердам се одржа Европска конференција за специфични теми во тенисот. Овогодишната тема беше “tennis 10s” и беа презентирани најновите системи, сознанија, истражувања и трендови за организација и работа со деца до 10 години. На оваа конференција присуствуваа над 100 претставници од 49 земји, меѓу кои беа и претставниците на Македонија, Вилма Марковска и Слободан Бачварски. Важно за активностите во нашата земја е дека во уводното излагање на г-дин. Хрвоје Змајиќ, Македонија и проектот кој нашата федерација го работи во соработка со ТЕ и ИТФ имаше значајно место.Беше кажано дека она што се случува во Македонија е нешто со што може да се гордеаат и многу поголеми и помоќни тениски нации.Потврда за тоа дојде и од мнугубројните контакти , разговори и размена на мислења кои претставниците на нашата земја ги направија за деновите поминати во Ротердам. http://www.tenniseurope.org/Development/ESTC4.aspx
јуни 2009
Отворен спортски саем
Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија заедно со Сојузот на спортски федерации на Македонија, на 10.06.2009 година организираше масовен спортски настан под мотото “ОТВОРЕН СПОРТСКИ САЕМ” ( избери спорт). Настанот се одржа на Плоштадот Македонија. Македонската тениска федерација , зема активно учество на овој настан. На локацијата на градскиот плоштад беа презентирани сите тениски клубови од нашата земја, беа направени два мини тениски терени и поставени реквизити со кој се реализира програмата за детски тенис. Исто така беше презентиран и промовиран промотивен материјал на МТФ и клубовите членки на МТФ. Со многубројните посетители контактираа не само претставниците на МТФ, клубовите туку и актуелните шампиони и најдобри играчи на Македонија во сите конкуренции.
јуни 2009
Национален црвен и портокалов турнир
На терените на тенискиот клуб Југ се одржа првиот овогодишен национален црвен и портокалов турнир. На турнирот учествуваа деца од ТК Југ од Скопје, ТК МТП од Скопје, АТК Скопје, ТК Ас од Скопје и ТК Астибо од Штип.
мај 2009
Регионални црвени и портокалови турнир
На терените на ТК Ас во Скопје се организираше првиот регионален турнир за црвен и портокалов тенис за скопскиот регион. Имавме можност за прв пат во официјална конкуренција да гледаме како децата покрај црвениот терен, играат тенис и се натпреваруваат и на портокалов терен. А на терените пак на ТК Маркови Кули од Прилеп се одржа првиот регионален турнир за детски тенис за западниот регион во организација на МТФ. На овој турнир учествуваа деца од Прилеп, Битола и Охрид.

април 2009
Промоција на промотивниот материјал за системот на натпреварувања за детски тенис
Во соработка со ИТФ и ТЕ, МТФ ја брендираше програмата за детски тенис и изготви флаер за промоција на системот на натпреварувања за детски тенис, како и промотивен плакат за најава на секој турнир
1 2 3 4 5 6 7 8 [9] 10 11