Регионални црвени и портокалови турнир

На терените на ТК Ас во Скопје се организираше првиот регионален турнир за црвен и портокалов тенис за скопскиот регион. Имавме можност за прв пат во официјална конкуренција да гледаме како децата покрај црвениот терен, играат тенис и се натпреваруваат и на портокалов терен. А на терените пак на ТК Маркови Кули од Прилеп се одржа првиот регионален турнир за детски тенис за западниот регион во организација на МТФ. На овој турнир учествуваа деца од Прилеп, Битола и Охрид.