Детски турнир во Скопје и Битола

Во периодот од 10-11,03,2012 година ма терените на тенискиот клуб Битола-Битола и Тенискиот клуб Југ-Скопје, ќе се одржат два турнири од проектот детски тенис.

Бројот на учесниците на турнирот не е ограничен, тие ќе бидат поделени во групи и ќе се игра по Раунд Робин систем.

ЦРВЕНИОТ Турнир: до 10 поени резултатот може да е и 5:5. Се сервира: прв сервис правилно, а втор сервис со рака со симулација на сервис. Сервисот се менува на два поени

ПОРТОКАЛОВИОТ турнир: игра во групи, златна група-елиминации, се игра до 12 поени, на резултат 6:6 се игра златен поен. За елиманација се игра краток сет до 4, на 3:3 златен гем во натпреварите се до финале и финале. Се сервираат два правилни сервиси, а сервисот се менува на два поени, се сервира наизменично на едната па на другата страна.


НАТПРЕВАРИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНАТ
БИТОЛА
Натпреварите од ПОРТОКАЛОВИОТ ТУРНИР започнуваат на 10.03.2012 година во 10 часот, по претходно запишување кое започнува во 09 до 09:30 часот. Влечењето на ждрепката ќе се изврши во 09:30 часот.
ЦРВЕНИОТ ТУРНИР започнуваат на 10.03.2012 година во 13 часот, по претходно запишување кое започнува во 12 до 12:30 часот. Влечењето на ждрепката ќе се изврши во 12:30 часот.

СКОПЈЕ
Натпреварите од ЦРВЕНИОТ ТУРНИР започнуваат на 10.03.2012 година во 9:30 часот, по претходно запишување кое започнува во 08:30 до 09:00 часот. Влечењето на ждрепката ќе се изврши во 09:00 часот.
Натпреварите од ПОРТОКАЛОВИОТ ТУРНИР започнуваат на 10.03.2012 година во 11 часот, по претходно запишување кое започнува во 10:00 до 10:30 часот. Влечењето на ждрепката ќе се изврши во 10:30 часот.