Европска конференција во Ротердам

9 и 10 октомври 2009 во Ротердам се одржа Европска конференција за специфични теми во тенисот. Овогодишната тема беше “tennis 10s” и беа презентирани најновите системи, сознанија, истражувања и трендови за организација и работа со деца до 10 години. На оваа конференција присуствуваа над 100 претставници од 49 земји, меѓу кои беа и претставниците на Македонија, Вилма Марковска и Слободан Бачварски. Важно за активностите во нашата земја е дека во уводното излагање на г-дин. Хрвоје Змајиќ, Македонија и проектот кој нашата федерација го работи во соработка со ТЕ и ИТФ имаше значајно место.Беше кажано дека она што се случува во Македонија е нешто со што може да се гордеаат и многу поголеми и помоќни тениски нации.Потврда за тоа дојде и од мнугубројните контакти , разговори и размена на мислења кои претставниците на нашата земја ги направија за деновите поминати во Ротердам. http://www.tenniseurope.org/Development/ESTC4.aspx