Tурнир до 10 години Бања Лука

 Забележителен настап на најмладите натпреварувачи на тенискиот клуб МТП предводени од Никола Пановски на меѓународниот турнир за играчи до 10 години “Куп нада 2008” кој се одржа во Бања Лука од 15 до 17.08.2008. На турнирот учесатвуваа 89 момчиња од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора , Србија и Македонија. Ѓорги Поповски (1998) и Томислав Андреевски (1998) се пласираа во полуфинале и во меѓусебен неизвесен меч ( во кој решаваше tie-break) ги поделија 3 и 4 место на турнирот. Обрад Марковски (2000) влезе меѓу 32, а Андреј Андреевски (2000) меѓу 64 најдобри играчи на турнирот. Децата уживаа во прекрасно организиран турнир и се вратија од Бања Лука со мноштво награди, спомени и убави впечатоци, со желба и следната година да се биде дел од оваа одлична тениска идеја и со надеж дека и следната година некој од членовите на нашиот клуб ќе се најде на победничкиот пиедестал.