Слободан Бачварски-Боби во посета на Bromley Tennis Centre

 

Во период од 25 Февруари до 3 Март 2012 година тренерот Слободан Бачварски-Боби го посети ”Bromley Tennis Centre”  кој се наоѓа во областа Кент во близина на Лондон (Велика Британија).
Областа Кент е седиште на најголемиот број на клубови чии приоритетни активности се насочени кон деца/играчи на возраст од 3-11 години.
Целта на престојот беше да се посети еден ваков еминентен клуб и види принципот на тренирање и организирање на севкупна активност со деца на возраст од 3-11 години, секако потоа позитивните искуства да се имплементираат во нашите тениски клубови.
Слободан Бачварски- Боби, беше вклучен и активно во реализирање на нивните редовни активности со тренерите од ”Bromley Tennis Centre”, а за време на престојот  успеа да го посети и “Park Langley Tennis Club” кој во моментот има најподготвени играчи кои се натпреваруваат на портокалово и зелено ниво во систем за натпревари на Велика Британија.


Особено треба да се истакне несебичното давање информации на главниот менаџер на ”Bromley Tennis Centre” - Sandy Procter со чија помош се реализира оваа посета.
Во најскоро време, Слободан ќе одржи неколку часовна практична и теоретска презентација на теми кои беа презентирани во Лондон.
Информација каде да ги набавите материјалите можете да добиете во МТФ. 

Тренерски комитет