Зелени турнири

Во 2009 се организирани 10 турнири за момчиња и девојчиња до 10 години. Препораките ИТФ насочуваат да овие турнири се играат со зелени топки стандардизирани од страна на ИТФ. МТФ ги имплементира препораките на ИТФ постепено следејќи го пуслот на сите оние кои се вклучени во овој домен од тениската игра. За таа цел оваа година сеуште овие турнири се играа со нормални жолти тениски топки. Можеме да забележиме дека иако бројот на учесници не е оној кој го посакуваме и очекуваме, сепак годинава на нашите национални турнири до 10 години гледавме добар тенис. Годинашнава тениска приказна ја дополнуваме со фотографии направени на терените каде годинава се играше тенис до 10 години